Ројтерс: Илјадници прекугранични работници вратени од Израел во Појасот Газа
Илјадници прекугранични работници од Појасот Газа, кои работат во Израел и окупираниот Западен Брег, денеска се вратени во палестинската енклава, изјавија очевидци за Ројтерс.
Некои од палестинските работници од Појасот Газа се вратија преку преминот Керем Шалом, кој се наоѓа источно од граничниот премин Рафа, меѓу палестинската енклава и Египет, изјавија очевидци, пренесува медиумот.
Израел претходно објави дека ги прекинува сите контакти со Газа и дека повеќе нема да има палестински работници, како и дека сите ќе бидат вратени во енклавата, пренесе „Ал Џезира“.
Кога палестинската милитантна група Хамас го нападна јужен Израел на 7 октомври, приближно 18.500 жители на Газа имаа израелски дозволи да работат надвор од опколениот Појас, пренесува Танјуг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа