Роберт раскажа за хоророт во Кочани: Останав заглавен во пожарот, ме спаси пожарникар
Роберт Божинов, еден од повредените во хоророт во дискотеката Пулс во Кочани, ја раскажа својата приказна за кобната ноќ во која за жал починаа 60 лица, меѓу кои и малолетници.
- „Сè се случи многу брзо, за кратко време се прошири пожарот, јас не успеав да излезам и останав заглавен во дискотеката, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, еден од нив ме извлече и ме упатија во општата болница Кочани“, вели Божинов за „Супорт Кочани“.
Како што вели, него му помогнал пожарникар кој го извлекол и го упатил во Општата болница во Кочани. Од болницата во Кочани тој бил префрлен во скопската болница „8-ми септември“, од каде пак заминал во Шведска. Се заблагодари на медицинските тимови на трите болници за кои вели дека го спасиле и му помогнале да застане на нозе.
Се заблагодари и на сите други добри луѓе кои помогнале во оваа трагедија.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа