Ријана се враќа на сцената со настап на полувремето на „Супербоул“
Деветкратната добитничка на „Греми“ Ријана се враќа со долгоочекуваниот настап во живо на „Супербоул 57“ в недела (12 февруари), предводејќи го шоуто на полувремето што ќе ја истакне нејзината карипска култура.
Пејачката родена во Барбадос нема издадено соло албум од јануари 2016 година, а фановите едвај ќе дочекаат да ја видат 34-годишната суперѕвезда кога ќе излезе на сцената пред милионската глобална публика на стадионот „Стејтфарм’, каде „Филаделфија иглс“ ќе ги одмери силите со „Канзас Сити шефс“.
Ријана изјави дека е инспирирана да го прифати предизвикот откако го роди своето прво дете во мај.
„Кога ќе станете мајка, нешто едноставно се случува и чувствувате дека можете да го преземете светот, можете да направите сè,“ им рече таа на новинарите во Феникс во четвртокот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа