Реформа во правосудството: Нов закон за Јавно обвинителство

 


Предлог З
аконот за јавното обвинителство е објавен на ЕНЕР, соопшти Министерството за правда.

„Овој закон е од исклучително значење за унапредување на владеењето на правото и е подготвен  во согласност со Развојната секторска стратегија за правосудство (2024 – 2028), Акцискиот план за спроведување на Развојната секторска стратегија за правосудство (2024 – 2028), како и Реформската агенда

Предложените решенија во однос на јавнообвинителскиот буџет ќе овозможат за првпат јавното обвинителство самостојно да располага со буџетот во цел износ од најмалку 0.5% од Буџетот. Досега, и покрај сите наводно спроведени реформи во правосудството, никогаш не беа обезбедени целосно просторните, технички и други услови за да се овозможи ефикасна работа на јавното обвинителство и  борба против организираниот криминал и корупцијата.

Со предлог законот за првпат се доуредува постапката за избор на јавниот обвинител на РСМ, со вградување на препораките од Оценската мисија за транспарентен избор на најдобрите кандидати за јавен обвинител на Република Северна Македонија.

Дополнително, предвидени се прецизни рокови за сите постапки за избор, унапредување или дисциплински постапки, со што се надминуваат дел од недоследностите кои во пракса покажаа поразителни резултати.

Според Реформската агенда, овој закон заедно со Законот за Совет на јавни обвинители треба да се донесат најдоцна до декември 2025 година“, стои во соопштението на Министерството за правда.

14.04.2025 - 11:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега