Реал и Сити на чекор до четвртфинале
Манчестер Сити и Реал Мадрид се на чекор до четвртфиналето во Лигата на шампионите по вечерашните победи на гости во Копенхаген и Лајпциг.
Манчестер Сити со голот на Кевин де Брујне во 10. минута ја најави победата од 3:1 против Копенхаген.
Копенхаген кој храбро му се спротивстави на Сити изедначи во 34.минута преку Матсон. Нова предност на Сити му донесе Брнардо Силва во првата минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме, а точка на натпреварот стави Фил Фоден во 92.минута.
„Кралскиот клуб“ пак, победи благодарение на прекрасниот гол на Брахим Дијаз и голнамот Андриј Лунин кој натпреварот го заврши со седум одбрани.
Лајпциг шансите за добра резултат ги промаши во првите десет минути. Уште во првата минута ВАР го поништи голот на Шешко кој потоа не успеа да искористи уште две шанси.
Решавачкито момент се случи во 48.минута, Дијаз исфрли тројца играчи на лајпциг, а потоа неодрбанливо пласираше крај немоќниот Гулаши. Реванш натпреварите на програмата се за три недели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа