Разрешени четири членови на Регулаторната комисија за енергетика - не ги исполнувале законските критериуми

 


Собранието попладнево на продолжение на 22. седница ги разреши од должноста членови на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Андреј Тасев, Мерита Дема, Фатом Амбари и Лирим Сулејмани. 

Разрешувањето е на предлог на Владата и како што се наведува во образложението, за четворицата членови има формално-правни недостатоци во делот на исполнување на условите за нивно именување.

Според образложението, Тасев и Мерита не го исполнуваат условот од член 17, став 3, од Законот за енергетика, односно во последните 15 години пред именувањето немаат најмалку 10 години работно искуство во енергетиката, а Сулејмани и Амбари не го исполнуваат условот од член 17, став 2, од Законот за енергетика, според кој еден член на РКЕ е стручно лице за правни прашања, еден член е стручно лице за економски прашања, еден е стручно лице за технички прашања од областа на водните услуги, а другите членови се стручни лица за технички прашања од областа на енергетиката.

16.12.2024 - 16:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега