Раста итно оди на операција, раперот се огласи од болница
Раперот Стефан Ѓуриќ Раста итно е хоспитализиран поради неподносливи болки. Тој откри дека денеска оди на операција.
Раста се огласи на Инстаграм со фотографија од болница и им се заблагодари на сите кои се со него во тешките моменти низ кои поминува.
„Ви благодарам на сите за вашата бескрајна поддршка и помош, за жал, понекогаш дури во вакви ситуации човек сфаќа кого има покрај себе, а јас ги имам најпрекрасните луѓе и ви благодарам за тоа. Денеска одам на операција, се надевам на брзо закрепнување и дружење, на досега закажаните места. На оние кои се безобразни и без разбирање им го посакувам истото што ми се случи и не дај Боже никогаш да не присуствуваат на мојот настап затоа што тоа не е моја публика, сите други ве сака Раста“, порачал раперот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа