Рама му се јавил на Зеленски: Разговарале за одбраната во Харков

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на платформата Х објави дека имал телефонски разговор со премиерот на Албанија, Еди Рама, со кого разговарале за повеќе прашања.

Нарекувајќи го голем пријател на Украина, Зеленски наведува  дека му се заблагодарил на Рама што го потврдил своето учество на претстојниот Меѓународен мировен самит што е предвиден да се одржи во Швајцарија на 15 и 16 идниот месец.

Исто така разговарале и за тековната соработка меѓу Албанија и Украина во областа на одбраната.

-Разговарав со албанскиот премиер Еди Рама, голем пријател на Украина, за претстојниот мировен самит и му се заблагодарив за потврдата дека Албанија ќе учествува. Го информирав  премиерот Рама и за воената ситуација, поточно за одбраната на регионот Харков. Разговаравме и за нашата тековна соработка во одбраната,  пишува Зеленски.

22.05.2024 - 19:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега