Путин жестоко се закани, бара апсење на двајца генерали
Рускиот претседател Владимир Путин се огласи за нападот со дронови врз Москва. Тој ја обвини Украина за терористичка активност и тврди дека Киев го избрал „патот на заплашување на руските граѓани“.
Тој рече дека нападот со беспилотни летала врз Москва бил насочен кон „цивилни цели“ и дека воздушната одбрана на главниот град ќе биде зајакната. Телеграмските канали известуваат дека имало повеќе од 10 дронови соборени во московскиот регион утрото.
Претставник на итните служби за РИА Новости изјави дека беспилотни летала погодиле две станбени згради во Москва. Информацијата не можеше да се потврди независно.
Рускиот пратеник Максим Иванов рече дека тоа е најсериозниот напад врз Москва од нацистичките напади за време на Втората светска војна, додавајќи дека ниту еден граѓанин сега не може да избега од она што е „нова реалност“.
Руското Министерство за внатрешни работи стави две високи украински воени лица на листата на барани неколку часа по серијата напади со беспилотни летала во московскиот регион.
Тоа се Валериј Залужни, врховен командант на украинските вооружени сили и Олександр Сирски, командант на украинските копнени сили.
Помошникот на претседателот на Украина, Михаило Подољак, негираше вмешаност на Киев.
„Што се однесува до нападите, секако дека сме задоволни што го гледаме тоа и предвидуваме зголемен број на такви напади. Но, се разбира, ние не сме вклучени во нив“, нагласи Подољак.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа