Путин: Западот сакаше руските војници да се убиваат

 

 

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ се обрати на нацијата на државната телевизија и истакна дека руското општество се консолидирало за време на бунтот, пренесува Ројтерс.

Путин рече дека „организаторите на овој бунт не можат а да не сфатат дека ќе бидат изведени пред лицето на правдата, дека ова е криминална активност насочена кон ослабување на земјата“.

Сепак, рускиот претседател посочува дека повеќето борци во компанијата Вагнер се патриоти на Русија, пренесува Би-Би-Си.

„Со враќањето назад избегнаа понатамошно крвопролевање“, додава Путин.

Во острата изјава Путин рече дека „секаков вид на уцена е осудена на неуспех“ и дека Западот сака руските војници да се убиваат меѓусебно.

Тој се заблагодари на руската јавност за „поддршката, патриотизмот и солидарноста“ и на белорускиот претседател Александар Лукашенко за мирното решение.

„Практично целото руско општество беше обединето со неговата одговорност да ја брани својата татковина“, рече Путин, според Скај њуз.

Тој, исто така, им се заблагодари на претставниците на Вагнер кои „донеле правилна одлука да запрат и да се вратат за да спречат крвопролевање“.

26.06.2023 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега