Путин: Ситуацијата во Донбас е тешка
Рускиот претседател рече дека ситуацијата во украинските региони илегално анектирани од Москва е „делумно тешка“.
Новите региони на Русија треба да бидат вклучени во националните проекти и да се обезбедат средства, рече Владимир Путин.
– Неопходно е да се вклучат нови субјекти на Руската Федерација во спроведувањето на националните проекти, што исто така значи дека треба да се обезбеди финансирање на активностите на националните проекти на териториите на регионите ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје – рече Путин на првата средба со членовите на владата во 2023 година, пренесува РИА Њуз.
Тој рече дека Владата е активно вклучена во подготовката на клучните претпоставки за развој на нови региони и приклучување кон национални проекти и посочи дека оваа работа се уште не е завршена.
– Неопходно е што поскоро да се решат преостанатите прашања – рече Путин.
Според неговите зборови, за тековната година треба да се постават „клучни показатели за перформансите“ за развојот на Запорожје, Керсонската област, ЛНР и ДНР.
– Размислувам за единствени транспарентни критериуми за работата не само на регионалните и општинските, туку и на федералните власти, така што локалните колеги, заедно со владата, министерствата, ресорите, би можеле да ги концентрираат своите напори и ресурси на оние приоритетни области кои бараат внимание – рече Путин.
Тој исто така повика на натамошно намалување на сиромаштијата и нееднаквоста.
Путин посочи дека економската политика на Руската Федерација треба да биде изградена на таков начин што ќе доведе до зголемување на реалните плати на Русите и намалување на сиромаштијата и нееднаквоста.
– Неопходно е да се изградат мерки на економската политика на таков начин што ќе доведат до зголемување на реалните плати и приходи на луѓето, а со мерки за социјална поддршка, пред се семејствата со деца, да се обезбеди дополнително намалување на сиромаштијата и нееднаквоста – рече Путин на средба со членовите на Владата,пренесе Блиц.рс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа