Путин: Отворени сме за преговори
Владимир Путин пред новинарите во Сочи изјави дека е отворен за преговори за завршување на војната во Украина, но Киев не ги сака.
„Веќе разговарав за ова. Никогаш не сме одбиле преговори. Затоа, ве молам, ако сака другата страна, нека го каже тоа директно. Значи, јас зборувам, но не слушаме ништо од другата страна“, изјави рускиот претседател, го пренесува „Тасс“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано презентира мировен план од десет точки за ставање крај на конфликтот, но тој ќе бара од Русија да ги отстрани своите војници од украинска територија.
15.09.2023 - 13:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа