Путин: Ние сме гарант на уставниот поредок на Австрија
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека американските трупи во Германија се уште се окупаторски сили и во правна смисла и во пракса.
– Советските трупи беа стационирани во Австрија, но тие заминаа доброволно. Русија, како правен наследник на Советскиот Сојуз, е гарант на уставниот поредок на Австрија и неговата неутралност. Многу обични луѓе во Австрија се свесни за тоа и се благодарни на Русија за оваа позиција. Што се однесува до другите европски земји, ситуацијата е комплицирана – рече Путин на средбата со студентите.
Путин рече дека Германија е „најголемата земја во Европа и економски гигант“ и додаде дека Советскиот Сојуз го „официјализирал крајот на окупацијата“ на таа земја, за разлика од САД, пренесува ТАСС.
– По Втората светска војна, Германија беше поделена на четири сектори: американски, британски, француски и советски. Советскиот Сојуз го формализираше крајот на тој окупациски статус, но САД не. Строго кажано, формално и во правна смисла, американските окупациски сили се наоѓаат на територијата на Германија и таму ги има многу – рече Путин.
Тој додаде дека „самите германски политичари велат дека Германија никогаш не била суверена земја во целосна смисла на зборот по Втората светска војна“.
Путин денеска изјави и дека европските земји „порано или подоцна ќе го вратат својот суверенитет“, но додаде дека тоа може да потрае, пренсе Аваз.ба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа