Путин: Ние не ја започнавме таканаречената војна во Украина, ние се обидуваме да ја прекинеме

 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Соединетите Американски Држави се обидуваат да ја наметнат својата хегемонија која се распаѓа низ светот и дека војната во Украина покажува колку Западот изгубил контакт со реалноста.

„Ние не ја започнавме таканаречената војна во Украина. Напротив, се обидуваме да ја прекинеме“, рече Путин во говорот на состанокот на дебатниот клуб „Валдаи“ во црноморското одморалиште Сочи.

Војната беше предизвикана од Западот бидејќи САД се однесуваа како „хегемон“ кој се смета себеси за единствен арбитер на вистината на планетата, рече шефот на Кремљ, додавајќи дека Русија мора да возврати. Путин ги обвини САД дека арогантно им кажуваат на другите земји како да се однесуваат.

Во своето годишно обраќање, Путин му рече на Вашингтон: „Цело време слушаме „мораш“, „треба“, „сериозно те предупредуваме“. Кои сте вие воопшто? Можеби е време да се ослободите од вашата ароганција, да престанете да се однесувате така кон светот“.

Путин рече дека Русија ги гледа сите цивилизации како еднакви и дека е подготвена за „конструктивна соработка“, додека Западот, заборавајќи го значењето на компромисот, ја смета секоја земја што и се спротивставува за непријател. Тој како пример ги наведе Кина, Индија и арапските држави.

Рускиот претседател рече дека западните лидери го изгубиле „чувството за реалноста“ поради, како што го нарече „колонијалното размислување“ на Вашингтон. За војната во Украина, тој рече дека „постои постојано зголемување на воениот и политички притисок (од Запад)“.

05.10.2023 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега