Путин: Конфликтот може да се прелее многу подалеку од границите на Блискиот Исток
Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со руските верски лидери изјави дека не е во ред невините жени, деца и стари лица во Газа да се казнуваат за туѓи злосторства, пренесува Ројтерс.
„Нашата главна задача е да го запреме крвопролевањето и насилството. Во спротивно, понатамошната ескалација на кризата може да доведе до тешки, крајно опасни и деструктивни последици. И не само за Блискиот Исток. Конфликтот може да се прелее многу подалеку од границите на Блискиот Исток“, рече Путин.
Во забелешките кои го критикуваа Западот, тој рече дека одредени неименувани сили се обидуваат да предизвикаат понатамошна ескалација и да вовлечат што е можно повеќе земји и народи во конфликтот.
Целта, рече тој, е „да се покрене вистински бран на хаос и меѓусебна омраза не само на Блискиот Исток, туку и далеку надвор од неговите граници. За таа цел, меѓу другото, тие се обидуваат да играат на националните и верските чувства на милиони луѓе“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа