Путин ја тестираше најмоќната руска ракета додека Бајден беше во Киев
Русија извршила тестирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“, која наводно не успеала во времето кога американскиот претседател Џо Бајден бил во Украина во понеделникот, според двајца американски официјални лица, напиша Си-Ен-Ен.
Русија ги известила САД однапред за лансирањето, рече официјален претставник. Друг, пак, рече дека тестот не претставува ризик за Соединетите држави и дека САД не го гледаат тестот како аномалија или ескалација.
Тестот на тешката ракета „Сармат“ – со прекар „Сатана II“ на Запад и способна да испорача повеќе нуклеарни боеви глави – се чини дека не успеа. Одредени тестови претходно беа успешни.
Путин вчера во говорот не го спомена лансирањето. Тој, сепак, формално рече дека Русија ќе го суспендира учеството на неговата земја во Договорот за намалување на нуклеарното оружје Нов СТАРТ со Соединетите држави, загрозувајќи го последниот преостанат пакт со кој се уредуваат двата најголеми нуклеарни арсенали во светот.
Времето на тестот сугерира дека САД и Русија комуницирале преку неколку различни канали претходно оваа недела. Американските власти, исто така, ги информирале Русите во неделата навечер, неколку часа пред посетата на Бајден на Киев, дека претседателот ќе отпатува во главниот град на Украина, изјави во понеделникот советникот за национална безбедност Џејк Саливан.
Путин најави успешни тестови на „Сармат“ во минатото, вклучително и минатиот април, само неколку месеци откако Русија ја нападна Украина.
Ракетата „Сармат“ првпат беше претставена во 2016 година, а руските државни медиуми наведуваат дека има домет од повеќе од 11.000 километри. Ракетата може да носи боева глава од 100 тони и е дизајнирана како наследник на R-36M ICBM.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа