Путин и Ердоган разговараа за ситуацијата во Украина и Сирија

 

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседтал Владимир Путин денеска телефонски разговарале за ситуацијата во Украина и црноморската иницијатива за извоз на жито, соопшти прес-службата на турскиот претседател.

Во соопштението се наведува дека Ердоган му се заблагодарил на Путин за неговиот придонес во изградбата на нуклеарната централа Акују во Турција.

„За време на разговорот беа оценети и настаните во руско-украинската војна и работата во контекст на договорот за жито. Ердоган најави можност за работа на нови иницијативи во рамките на предложената работна група“, се наведува во соопштението.

Ердоган и Путин разговараа и за последните случувања во Сирија.

Турскиот претседател се заблагодари на Русија за помошта во изградбата на нуклеарната централа Акују во јужна Турција за време на телефонскиот разговор во четвртокот, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

„Претседателот Ердоган му се заблагодари на рускиот претседател Путин за помошта во изградбата на нуклеарната централа Акују, каде што денеска ќе се одржи церемонијата за испорака на нуклеарно гориво“, соопштија од кабинетот на турскиот претседател.

Рускиот претседател му посака на Ердоган брзо закрепнување, соопшти кабинетот на турскиот претседател, откако вчера откажа изборни активности поради здравствени проблеми.

27.04.2023 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега