Пуштен за сообраќај патот Крива Паланка – Деве Баир
Од 13.30 часот денеска имаше прекин на патен сообраќај А2 Крива Паланка кон Деве Баир во двата правци за секаков вид на моторни возила, поради случена сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и пешак.
Во 14.15 часот пуштен е патниот сообраќај на патен правец Крива Паланка кон Деве Баир.
АМСМ информира дека сообраќајот се пренасочуваше преку централно градско подрачје на Крива Паланка само за патнички моторни возила.
26.05.2025 - 14:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа