Прва средба на Гаши со амбасадорката на Кралството Шведска

 

Собранискиот претседател Африм Гаши денеска ја оствари првата средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин, соопштија од собраниската прес-служба.

Гаши изразил благодарност до Шведска за континуираната поддршка на нашата држава за полноправно членство во Европската Унија. Тој укажал дека очекува поддршката да продолжи и понатаму.

Во насока на добрата соработка е и ратификувањето на протоколот за пристап на Шведска во НАТО. Во очекување е и формирање на парламентарната група за соработка на нашето Собрание со Шведскиот парламент во новиот парламентарен состав, се истакнува во соопштението.

Шведската амбасадорка се заблагодарила за поддршката за членството во Алијансата и ја потврдила натамошната посветеност на зајакнување на меѓусебните односи.

- Двете страни беа одлучни дека ќе продолжат одличните билатерални односи и бројните развојни проекти, се нагласува во соопштението. 

06.06.2024 - 12:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега