Прва фотографија од Пригожин во јавност, се појави на самит во Санкт Петербург
На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа како Евгениј Пригожин, основачот на приватната воена компанија „Вагнер“ се ракува со африкански функционер на маргините на руско-африканскиот самит во Санкт Петербург.
Ова е првпат Пригожин да биде виден во јавноста во Русија откако минатиот месец започна вооружен бунт против руското воено раководство.
Бунтот заврши со договор со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко. Договорот подразбираше дека Пригожин ќе замине во Белорусија.
Кремљ потврди дека неколку дена по бунтот, Путин и Пригожин се сретнале во Кремљ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа