Прв пораз на Македонија на Апенините
Македонија го претрпе првиот пораз на гостување кај Италија, откако вечерва во Рим загуби со 5:2 во претпоследниот натпревар од квалификациите од групата Ц за пласман на Европското првенство во 2024 година.
Италија одигра одлично прво полувреме во кое Дармијан и на двапати Киеза го совладаа Столе Димитриевски, а нашиот голман му одбрани пенал на Жоржињо.
Во второто полувреме шанса добија Ристовски, Ашковски и Атанасов, а фудбалерот на Краховија постигна два ефектни гола. Во продолжение Распадори и Ел Шарави ги поставија конечните 5:2.
Во понеделник Македонија ја дочекува Англија која вечерва ја совлада Малта со 2:0 и го потврди првото место на табелата во нашата група.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа