Проштална средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на НР Кина, Н.Е. Џанг Ѕуо

 

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска имаше проштална средба со амбасадорот на НР Кина, Н.Е. Џанг Ѕуо во Министерството за одбрана на која присуствуваше и одбранбено аташе, полковникот Зу Нинг.

Министерот Мисајловски упати благодарност до амбасадорот Ѕуо, за неговиот активен придонес за одржување на добрите односи меѓу двете земји за време на неговиот мандат и му посака успех на новата должност.

24.07.2024 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега