Пронајдено е исчезнатото девојче од Скопје


Пронајдена е 20-годишната Енкеледа Чела која беше пријавена за исчезната. Информацијата за пронаоѓањето ја сподели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Во врска со настанот кој ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба.
Од страна на полициски службеници од СВР Скопје ќе се изврши разговор со лицето во врска со причините за исчезнувањето“, соопшти Тошковски.

31.03.2024 - 18:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега