Промовиран „Avant2Go“: Електрични возила за почист воздух и помалку бучава во градовите

 


Подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на бучавоста во градовите и на бројот возила во сообраќајот, поддршка на националните и европските зелени политики, како и економски бенефити за граѓаните, ќе бидат само некои од придобивките на проектот Avant2Go  - модерен систем за целосно електрично споделено возење.

Како што истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој денеска заедно со министерката за енергетика Сања Божиновска по повод промоцијата на проектот пристигна со електрично возило пред Владата,  Avant2Go не е само технолошка новина, туку е и стратешка инвестиција во еколошката, сообраќајната и економската иднина на државата. 

- Користењето на целосно електрични возила значи нулта емисија на штетни гасови, што директо придонесува за намалување на аерозагадувањето, особено во урбаните средини. Електричните возила се значително потивки од класичните, а според светските стандарди едно  Car-Sharing возил заменува 10 до 15 приватни возила, потенцира Меџити.

Новиот модерен систем за целосно електрично споделено возење Avant2Go Car-Sharing е достапен преку мобилна апликација.

27.05.2025 - 12:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега