Проект „Топлотен бран“ во Кисела Вода за помош на граѓаните од високите температури
Општина Кисела Вода информира дека го реализира проектот „Топлотен бран“ поради висоите температури од портокаловата фаза во земјава.
– Во соработка со општинската организација на Црвениот крст се одвиваат теренски активности на мобилни екипи составени од возило на Црвениот крст, медицинско лице – доктор, волонтери на Црвен крст, кои на граѓаните им даваат медицинска помош, совети, им делат шишиња со вода. На лица на кои тоа им е потребно, им се укажува помош за носење до крајната дестинација, се вели во соопштението.
Проектот се реализира при постоење на топлотни температури од над 35 степени целзиусови, се до крајот на август.
Во рамки на проектот, пред две седмици во урбаните заедници „Населба Драчево“ и „Кисела Вода“ беа поделени вкупно 120 шишиња од 0,5 литри флаширана негазирана вода на фреквентни локации. Мобилните екипи денеска интервенираат во урбните заедници „11 Октомври – згради“ и „11 Октомври – бараки“, во парковите, по булеварот „Борис Трајковски“, пред поголемите маркети и секаде каде е забележана потреба од ваква помош.
Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани за почитување на здравствените препораки на надлежните институции додека трае овој топлотен бран.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа