Приведено лице од скопско за издржување на изречена мерка притвор

 

Вчера во 17.30 часот на подрачје на Гази Баба полициски службеници од Полициска станица Гази Баба од слобода го лишиле З.С.(50) од с.Трубарево, скопско.

МВР информира дека тој се барал по судска наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување на изречена мерка притвор, во врска со истрага поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, казниво по чл.237 ст.4 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на мерката притвор.

18.08.2022 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега