Приведени четири лица на езерото Младост во Велес, фрлиле марихуана додека полицијата им вршела контрола


Ноќеска во 00.50 часот на езеро Младост во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.Ѓ.(27) од Чашка, В.М.(31), Н.А.(25) и 27 – годишната В.К., сите од Велес.

При контрола на патничко возило „бмв“ со велешки регистарки ознаки, управувано од Н.Ѓ., а останатите лица биле сопатници, В.М. фрлил пакување со марихуана, кое е пронајдено и одземено.

Лицата се приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

09.04.2024 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега