Приведен маж од Велешта поради предизвикување пожар

Вчера во 17.40 часот на локалниот пат с.Велешта кон с.Октиси, полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга, го лишиле од слобода М.В.(38) од с.Велешта, струшко поради тоа што во атарот на селото предизвикал пожар. 

Од страна на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 
28.08.2024 - 15:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега