Приведен криумчар од Куманово, пронајдени мигранти од Турција

Вчера полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода М.Ј.(45) од Куманово.

Околу 10.30 часот на локален пат од с.Сопот кон с.Сушево бил извршен преглед на возилото „шевролет авео“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал М.Ј., при што биле пронајдени две лица мигранти од Република Турција.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

17.06.2024 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега