Приватните автобуси на пет линии и денеска не возат низ Скопје

 

Приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес“ и денеска не сообраќаа на линиите 19, 20, 22, 52 и 54, поради неисплатен долг од страна на ЈСП „Скопје“ и Град Скопје.

Денеска се очекува средба со претставниците на ЈСП и Град Скопје. Веќе втор ден автобусите од „Макекспрес“ не се излезени да сообраќаат поради тоа што, како што тврдат, немаат средства.

Сопственикот на претпријaтието, Милорад Димитријевски во изјава за МИА истакна дека денеска очекуваат средба со претставници од ЈСП и Град Скопје.

02.11.2022 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега