Принцот Хари: Убив 25 талибанци во Авганистан, не ги гледав како луѓе

 

 

Принцот Хари во своите мемоари тврди дека убил 25 луѓе додека бил на воена должност во Авганистан, за време на неговата втора турнеја како пилот на хеликоптер.

Војводата од Сасекс ова тврдење го изнел во своите мемоари, кои се’ уште не се официјално објавени, но протекоа и се пуштени во продажба во Шпанија, пишува „Телеграф“.

Леташе во шест мисии кои резултираа со „одземање човечки животи“, со што ниту се гордее, ниту се срами, пренесуваат британските медиуми од неговата биографија.

Во екот на битката, Хари не размислувал за своите 25 жртви како „луѓе“, туку за „шаховски фигури“ кои биле отстранети од таблата, објави „Телеграф“. Ова е првпат 38-годишникот да открие колку талибански борци убил за време на воениот рок.

Принцот Хари служеше во армијата 10 години, издигнувајќи се до ранг на капетан. Тој рече дека по враќањето во базата, гледал видео од секое убиство бидејќи камерата поставена на неговиот хеликоптер ја снимала секоја мисија.

„Значи мојот број е 25. Тоа не е бројка што ме исполнува со задоволство, но и не се срамам“, пишува тој.

Принцот ги гледал бунтовниците што ги убил како „негативци кои биле елиминирани пред да можат да ги убијат добрите“, пишува „Телефраф“.

„Не можете да убиете некого ако го гледате како личност“, рече тој.

Во својата биографија, тој се осврна и на инцидентот кога се облече како нацистички војник на забава, за која вели дека е „една од најголемите грешки во неговиот живот“, а на која бил наговорен од неговиот брат Вилијам и принцезата Кејт.

05.01.2023 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега