Принцот Џорџ го прослави 10-тиот роденден

Најстариот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтн го прослави својот 10-ти роденден.

Принцот Џорџ е роден на 22 јули 2013 година во 16 часот и 24 минути во болницата Св. Мери во Лондон.

Оттогаш, малиот принц Џорџ често е во центарот на вниманието и ги воодушевува луѓето ширум светот со своето однесување на официјални настани.

Кенсингтонската палата објави нова фотографија по повод неговиот роденден, направена од познатиот британски фотограф Мили Пилкингтон во Виндзор претходно овој месец. „10 денес! На принцот Џорџ му посакуваме многу среќен роденден“, пишуваше покрај фотографијата на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс.

23.07.2023 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега