Пригожин: Војната е глупава, Русите се невини
Лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин повторно се огласи, нарекувајќи ја војната во Украина „глупава“ и индиректно повика на бунт против воените структури во Русија.
Пригожин рече дека руските војници умираат затоа што некој од Русија така сака.
– Во оваа глупава војна, постои само еден сосема невин руски војник, кој мора да се откаже од својата судбина и кој е одлучен да умре на начин на кој сакаат оние кои имаат канцеларии во махагони. И кога рускиот војник ќе сфати што се случува околу него, кога ќе ја крене главата, сигурен сум дека ќе разбере кој го мести и ќе ги уништи тие фашисти кои се виновни за оваа трагедија и неговото напуштање – рече Пригожин.
Неодамна, Пригожин ги засили своите напади врз руското воено раководство, пред се врз министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Тој ја обвини руската армија дека побегнала од Бахмут и дека сето тоа им го оставила на борците на Вагнер, кои со недели биле лишени од редовно снабдување со муниција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа