Претседателот на Комисијата за надворешни работи на Големото национално собрание на Турција во посета на Македонија

 

Во посета на Собранието денеска ќе престојува претседателот на Комисијата за надворешни работи на Големото национално собрание на Турција, Фуат Октај.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Октај ќе оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Тој ќе се сретне и со претседателот на Комисијата за надворешни работи и надворешна трговија Муса Џафери и со членовите на Комисијата.

28.01.2025 - 08:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега