Претседателката дебатирала со Радев повеќе од три часа: Испрати позитивни пораки од Софија
Убедена сум дека денешниот разговор во една дебатна пријатна атмосфера ќе вроди со плод. Не можам да кажам дека утре ќе се случи тоа, но важно е да почнете, изјави претседателката Гордна Сиљановска Давкова по средбата во Софија со нејзиниот бугарски колега Румен Радев.
- Се покажа дека речта, зборот, е најважна во библијата. Уште еднаш се покажа дека кога ќе седнете и разговарате водени од добра волја bona fide, а не од mala fide ќе направите еден голем исчекор кон пронаоѓање заеднички важни решнија. Јас не сум случајно овде, дојдов за да разговарам, и се разбира дека сега го очекувам претседателот Радев да дојде во Скопје. Мислам дека, и сигурна сум дека, како што честопати велам, мислата може да биде побрза од светлината. ако се слушаме, ако се почитуваме, ако имаме волја да се разбереме, тогаш решението е на дофат, истакна Сиљановска Давкова.
Прашана околу што се согласиле со Радев, таа посочи дека се обединиле околу европската интеграција, копенхашките критериуми, регионалниот пристап на решавање на проблемите. -Се обединивме околу фактот дека научените бугарски лекции на европскиот пат ќе ги добиеме, нема да треба да ги повторуваме грешките и оти ќе трагаме по компромис и заедничко решение без никој да се чувствува навреден или повреден и без никој да мисли дека бил заборавен, рече таа.
Околу посетата на Радев на Скопје истакна дека „датумот не е утврден, но, одредиле околу што би можело да биде доаѓањето“.
- Искрено секој од нас го кажа своето видување, со респект се сослушавме, но, факт е дека ние ги претставуваме националните интереси на едната и на другата држава, но и факт е дека дијалогот е клучното решение, рече Сиљановска Давкова.
Додаде дека денеска не разговарале за прашањето на внесување на Бугарите во Уставот, ниту за други конкретни прашања.
Во врска со нејзиниот став за промената на Уставот, Сиљановска Давкова рече дека одлуките за овие прашања ги носат пратениците во Парламентот и не зависат од ставови на подинци.
- Вклучувањето на Бугарите во Уставот не зависи од мене. Јас да сум апсолутен монарх можам да го сменам Уставот, но пратениците ги претставуваат граѓаните, гласаат по сопствено убедување. Не можам да ја суспендирам парламентарната демократија, но се разбира дека разговаравме за сите прашања, велам разговаравме, бидејќи ние не може да донесме решение, ниту да го наметнеме на останатите и на нацијата. Но, разговаравме и тоа е здраво, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова по средбата во Софија со шефот на бугарската држава Румен Радев.
Таа изрази желење за денешната несреќа и загинувањето на двајца бугарски пилоти и искажа разбирање што поради тоа Радев вечерва не може да се придружи на изведбата на операта „Набуко“ на Македонската опера и балет во Софија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа