Престрелка во Арачиново: Повреден е 24-годишник

24-годишник е повреден во пукање кое синоќа се случи во скопско Арачиново. 

Повредениот, 24-годишниот А.И. од Арачиново, е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да му се укаже лекарска помош.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-Околу 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново било пукано кон А.И. (24) од с.Арачиново, кој се здобил со повреди и е пренесен во комплекс клиники ’Мајка Тереза’ за укажување помош, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

29.08.2024 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега