Престанува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз

 

 

Од утре претставува да важи одлуката за бесплатен јавен градски превоз која времено беше донесена како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот, информираа попладнево од ЈСП.

– Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, се наведува во соопштението.

27.12.2022 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега