Познатиот актер ќе го испразни новчаникот: Нелегално се шетал во Јелоустоун
Пирс Броснан се изјасни виновен по обвинението дека скршнал од определената патека во една од термалните области на Националниот парк Јелоустоун во ноември 2023 година, според судските документи поднесени во Окружниот суд во американската сојузна држава Вајоминг.
На Броснан (70) му е врачено известување за прекршок, како и второ за наводен сличен прекршок кај Мамут Хот Спрингс – на 1 ноември 2023 година. Ирскиот глумец и неговиот адвокат се појавија на судењето вчера утрото. Тој, инаку, претходно во јануари се изјасни невин за двете обвиненија.
Ѕвездата од „Џејмс Бонд“, следствено, е казнет со 500 долари затоа што залутал од патеката, но судијата му наложи и да ѝ плати 1.000 долари на непрофитната организација „Јелоустоун засекогаш“. Судот ги отфрли наводите за вториот прекршок.
Интернет-страницата на Националниот парк Јелоустоун ги упатува посетителите „секогаш да одат по назначените патеки“, заради безбедност на пешаците и заштита на „чувствителните термални формации“, т.е. изворите. Дополнително, водата од топлите извори, се наведува, може да предизвика „тешки или смртоносни изгореници“ при контакт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа