Пожар во ноќен клуб во Истанбул, 15 лица загинаа


Најмалку 15 лица загинаа во пожар во Истанбул, а уште 13 лица се повредени, од кои седум потешко.

Инцидентот се случил околу 13 часот на улицата Илдиз Поста, округот Есентепе.

Според информациите на турските медиуми, пожарот избувнал во ноќен клуб во приземјето на станбена зграда од 16 ката.
На местото на настанот се испратени голем број полицајци, пожарникари и медицински екипи. Според „Хуриет“, до бината во дискотеката дошло до експлозија.

Ноќниот клуб бил затворен за време на рамазан и се реновирал во моментот на пожарот.

02.04.2024 - 15:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега