Повик за бојкот на продавниците и во Црна Гора: Во „Хрватска имаше успех“
Алтернатива Црна Гора ги повика граѓаните во петок да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците во земјата, пишува „Cafe del Montenegro“.
„Во петок повикуваме на бојкот на супермаркетите и продавниците во Црна Гора, сите без исклучок, бидејќи тоа нема никаква врска со политика. Високите цени подеднакво ги погодуваат сите граѓани“, велат во соопштението.
Алтернатива истакнува дека истата акција била спроведена и во Хрватска и дека дала резултати. Истата акција за петок беше најавена и во Босна и Херцеговина, јавува ЦдМ.
„Алтернатива Црна Гора сака истото да го организира и во Црна Гора“, се додава во соопштението.
Сметаат дека цените се екстремно високи и дека водечките трговски синџири, меѓусебно договарајќи ги цените, имале пресудно влијание врз граѓаните да не го почувствуваат во целост зголемувањето на платите и пензиите.
„Можеме ли за тоа еден ден да ја тргнеме политиката на страна, да не се делиме, да бидеме сите како едно, за да им покажеме дека ние одлучуваме? прашаа од Алтернатива, пренесува порталот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа