Повеќе од 30 лица се повредени во Кина, двајца загинаа по експлозија во хемиска фабрика

 

Најмалку две лица загинаа, а 12 се водат за исчезнати во голема експлозија во хемиска фабрика во североисточна Кина, пренесе АП.

34 лица се повредени во експлозија во предградието на градот Панџин, во провинцијата Лиаонинг.

Локалната самоуправа покажа фотографии од густ чад и оган што го зафати хемискиот комплекс.

Пожарникарите го ставија пожарот под контрола, а локалниот оддел за заштита на животната средина го следи квалитетот на воздухот во областа, соопшти локалната власт на округот.

Причината за експлозијата е под истрага.

 

16.01.2023 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега