После 6 години Филков бара екстрадиција за Демири и Исмаиловиќ, осудени за случајот ,,Монструм”
Министерот за правда Игор Филков соопшти дека ги потпишал барањата за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата доживотно осудени за случајот ,,Монструм” за петкратното убиство кај Смилковското езеро.
Барањата се веќе доставени до Министерството за правда на Косово и се чека одговор од нивна страна, рече Филков.
„Последен пат, екстрадиција била побарана во 2018 година. На ова и претходеле барања до Република Косово за овие екстрадиции во повеќе наврати, но сите биле одбиени. На 08.10.2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива , а за Демири нема одговор.Во постапките , се што е побарано од косовските власти веќе е доставено.
После 6 години повторно се бара нивна екстрадиција“, посочи Филков.
31.07.2024 - 14:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа