Поранешниот советник на Зеленски: Украина може да произведе нуклеарно оружје за девет месеци

 

 

Поранешниот советник на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Зеленски, Олексеј Арестович изјави дека Украина може да произведе нуклеарно оружје во рок од шест до девет месеци.

Арестовиќ додаде дека тоа сепак би значело кршење на меѓународните договори до кои Киев треба да се придржува, пренесува РИА Новости.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон претходно рече дека жали поради својата улога во убедувањето на Украина да се откаже од нуклеарното оружје.

„Се чувствувам лично одговорен бидејќи ги натерав да се согласат да се откажат од своето нуклеарно оружје. И никој од нив не верува дека Русија би го извела овој трик доколку Украина и понатаму го имаше своето оружје“, рече тој.

11.04.2023 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега