Поранешниот албански претседател Илир Мета се разведува од сопругата

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади се разведуваат по 26 години брак.

Мета веќе доставил барање до Судот во Тирана.

По објавувањето дека се разведуваат, Круемади за медиумите, изјавила дека во моментов не претпочита да ја коментира одлуката на нејзиниот сопруг и дека „прво сака да ги знае причините што го натерале господинот Мета да поднесе барање за развод“.

Мета и Круемади, имаат три возрасни деца.

21.06.2024 - 15:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега