Поради проблеми со доводот за кислород три дена не работеле хируршките сали на Клинички

Хируршките сали на Клинички три дена биле надвор од функција. Порталот „Скопјеинфо“ повикувајќи се на неофицијални информации објави дека причината за ова бил доводот на кислород кој е неопходен за пациентите да се одржуваат во живот додека трае операцијата. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, вели дека ова е недозволиво и ја обвини власта дека не водела грижа за инфраструктурата.

-Јавноста многу добро памети кога за прв пат во историјата се случи колапс во ФЗОМ кога целиот систем беше блокиран со денови, заради истата и позната неспособност. И тогаш во така блокиран систем, видовме НУЛА отчетност и транспарентност, а директорите со денови беа сокриени од јавност и не можеше да се дојде до основа информација. Многу брзо ВМРО -ДПМНЕ ќе стави крај на ваквите штетни политики и на неодговорното и недомаќинско работење. Платформата 1189 нуди многу решенија и одговори на барањата на здравствените работници и пациентите и од корен ќе ги смениме овие состојби кои имаат низа аномалии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

11.04.2024 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега