Полициската станица Аеродром времено преместена во Лисиче, ќе се гради нов објект
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Полициската станица Аеродром е привремено преместена во скопската населба Лисиче на улицата Димитар Туриманџовски бр. 1.
Преместувањето е направено затоа што на местото на стариот објект ќе се изгради нов објект на полициската станица, во склоп на проектот за обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници, но и за услуги на граѓаните, велат од МВР.
И во наредниот период граѓаните ќе ги добиваат сите потребни услуги и за се што им е потребно можат да се обратат до полициските службеници.
08.06.2023 - 09:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа