Полицијата уапси охриѓанец - го фотографирал гласачкото ливче
48-годишен охриѓанец е уапсен денеска откако бил фатен како го фотографира гласачкото ливче.
-Во 12.15 часот, во СВР Охрид приведен е А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.
24.04.2024 - 14:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа