Полицијата се шокирала кога ја запрела 103 годишната баба за брзо возење
Италијанската полиција запре една од најстарите женски прекршители на сите времиња поради возење со истечена возачка дозвола, а нејзината лична карта покажала дека има 103 години.
Пензионерката роден во 1920 година возела автомобил длабоко во ноќта во центарот на малиот северен италијански град Бондено, објавија локалните власти.
Таа го привлекла вниманието на полицијата затоа што возела пребрзо, околу еден часот по полноќ и неколку пати поминала низ истите улици.
Кога ја запреле, патролата констатирала дека возачката дозвола ѝ е истечена пред неколку години, а немала ниту документ за осигурување на автомобилот. Поради тоа возилото ѝ било одземено.
Виталната бабичка полицијата ја однела дома.
На прашањето каде возела, таа рекла дека била упатена кај пријатели надвор од градот.
Бондено е мал град во регионот Емилија-Ромања со околу 15.000 жители.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа