Полицијата казни 167 возачи во Скопје, 53 за брзо возење

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за непрописно престигнување и обиколување“, информира МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

18.08.2022 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега