Поглаварите на црквите и верските заедници во посета на Стоби
На 26.09.2023 година поглаварите на црквите и верските заедници споменати во македонскиот Устав на покана на директорот на Комисијата за односи со верските заедници г-дин Даријан Сотировски го посетија археолошкиот локалитет „Стоби“.
Заедничката посета беше оценета и како одлична можност освен за непосредно запознавање со ова исклучително национално културно богатство и за продлабочување на меѓуверскиот дијалог, но и за испраќање на порака до целокупната јавност дека културното богатство ширум нашата татковина е големо, а секоја голема чест значи и голема одговорност, како за граѓаните за почитување, така и за институциите за негување, одржување и промовирање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа